СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Еуросупер БС-95 поскапува за денар

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Поврзани вести

Нето добивката на Tesla не доаѓа само од продажба на автомобили

Влатко Зорба

ЕУ НАЈМНОГУ ТРГУВА СО КИНА: САД во шок, кинеската економија порасна за повеќе од 2%!

Влатко Зорба

Миневски: Малите семејни винарии се најдоброто решение за пласманот на грозјето (ВИДЕО)

msp-admin