СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Петров: Ќе ја зајакнеме соработка со академската заедница и со приватниот сектор

„Најголемиот капитал на една држава се идеите кои се раѓаат во неа. Токму затоа ми е огромна чест што сум на чело на Фондот за иновации и технолошки развој. Имам ветување до сите наши иноватори: тука сме за вас!“, вели директорот на ФИТР, Коста Петров восвоето обраќање.

„Ваша задача е да рушите бариери, да верувате во себе, во вашите иновативни и уникатни идеи. Наша обврска е да ви помогнеме, а поддршка ќе имате во секој чекор. Од самиот процес на аплицирање и дефинирање на вашиот проект, до реализација и пласирање на вашиот производ.

Во следниот период уште повеќе ќе ја зајакнеме соработка со академската заедница и со приватниот сектор. Сите ние ќе бидеме тука за вас. Дојде време да дадеме слобода и простор на умот кој иновира. Да покажеме дека ги имаме алатките, знаењата а и мотивацијата за големи идеи, за големи нешта.

Земја со иновативен потенцијал како нашиот мора самата да си го земе местото каде што припаѓа. Токму тоа и ќе го направиме. Време е да ја замислиме и создадеме иднината“, додава Петров.

Поврзани вести

Најбогатиот човек наскоро ќе стане многу, многу побогат

Влатко Зорба

Ако планирате да инвестирате, овој бизнис е полн погодок

msp-admin

Петмина руски богаташи го зголемија своето богатство за 27 милијарди долари за една година

msp-admin