Компании и пазар

За време на корона-кризата: Цените се намалија, а бројот на одобренијата за градење се зголеми

Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинила за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Наведените просечни цени на квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 049 564 илјади денари, што е за 158.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 (55.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13.3%) за објекти од нискоградба и 78 (31.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 130 (52.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (47.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28 384 м2.

Поврзани вести

Американски судија го блокираше обидот на Трамп да го забрани „WeChat“

Влатко Зорба

Луѓе кои треба да ги држите подалеку од бизнисот

Коронавирусот за еден ден им „стопи“ скоро 38 милијарди долари на богаташите

Влатко Зорба

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Берта Китинска

Viber ги прекинува сите врски со Facebook

Влатко Зорба

ТикТок нема да биде забранет во САД, Трамп го одобри договорот

Никола Поповски