Хрватски патишта (Hrvatske ceste) донесе одлука најскапиот пат во Хрватска, делницата D-403 од јозолот Шкуриње до пристаништето во Риека, да го градат конзорциум компании од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина (Kolektor CPG, GP Krk и Euro-Asfalt) коишто понудиле 456,3 милиони куни, односно околу 61,6 милиони евра.
Добиени се пет понуди за изградба на 2.977 метри од главната траса и 380 метри од поврзувачкиот пат, кои беа отворени кон средината на декември минатата година. Проценетата вредност на работите беше 461 милиони куни (62,2 милиони евра), а изградбата на тој дел е толку скапа поради објектите, вклучувајќи го и тунелот долг 1.253метри, вијадуктот на Пиопи 316 метри, вијадуктот на Млака 144 метри и подвозник долг 56 метри.
Покрај конзорциумот чијашто понуда беше избрана, за изградба на пат кој е стратешки важен за пристаништето во Риека, имаше и понуди од China Road and Bridge Corporation (CRBC) која веќе го гради Пелешки мост, а Кинезите понудија цена од 469 милиони куни (63,3 милиони евра).
Висока цена на патот D-403, е поради лошиот терен преку којшто ќе се гради.