СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МБА: Банкарскиот систем е стабилен, депозитите се сигурни

Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем“.

-Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум, наведува МБА.

Според Асоцијацијата, банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити.

-Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем, стои во сооптшението од МБА.

Поврзани вести

Бектеши: Финансиска помош од 20 милиони евра за фирмите кои ќе влезат во инвестиција за време на кризата

Угостителите ќе опстанат ако добијат најмалку 250 милиони евра од четвртиот пакет, велат од НУК

Берта Китинска

Ангеловска: Не може да не се задолжува земја која треба значајно да инвестира во инфраструктура и да се развива

Влатко Зорба