СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МТСП: Почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 5 октомври во понеделник – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, на 6 октомври во вторник – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ и О и на 7 октомври во среда – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 октомври 2020 година.
Ќе се исплаќаат средствата за правата за гарантиран детски додаток, оосебен додаток за месец 10/2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош, постојана парична помош – ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, за социјано домување, за социјална сигурност- социјална пензија, за азиланти домување, парична помош за згрижувач како и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Поврзани вести

Во март биле „завртени“ над 2.7 милијарди денари на Македонската берза

Влатко Зорба

Лукаревска: Им помагаме на компаниите и на вработените, заедно ги санираме економските последици

Сметководителите не издејствуваа нов рок за даночните пријави, за утре закажан протест пред Влада

Влатко Зорба