СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Невладини: Измените во Законот за минерални суровини ги загрозуваат природните ресурси

Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за 18 јануари 2021 година по скратена постапка, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста и во нетранспарентна постапка. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

33 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“ испратија допис до претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да го повлечат предлог-законот и да го вратат во редовна процедура. Тие бараат експертската јавност и сите заинтересирани граѓани да бидат вклучени во процесот на усвојување на законот и да им се овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст преку јавно објавување на законските измени на владиниот ЕНЕР систем, две читања во Собранието на РСМ и одржување собраниска јавна расправа и расправа за консултација со јавноста.

Барањата на Алијансата за застапување и лобирање #РазбистриСѐ може да се преземат на следниот линк!

Поврзани вести

„Еуромакс рисорсес“: Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија

Влатко Зорба

Мицкоски: Треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач за да не поскапи струјата

Берта Китинска

Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата