СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Невладини: Измените во Законот за минерални суровини ги загрозуваат природните ресурси

Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за 18 јануари 2021 година по скратена постапка, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста и во нетранспарентна постапка. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

33 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“ испратија допис до претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да го повлечат предлог-законот и да го вратат во редовна процедура. Тие бараат експертската јавност и сите заинтересирани граѓани да бидат вклучени во процесот на усвојување на законот и да им се овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст преку јавно објавување на законските измени на владиниот ЕНЕР систем, две читања во Собранието на РСМ и одржување собраниска јавна расправа и расправа за консултација со јавноста.

Барањата на Алијансата за застапување и лобирање #РазбистриСѐ може да се преземат на следниот линк!

Поврзани вести

ССК испорача 15 мерки за опстанок на работните места и претпријатијата

Влатко Зорба

Извршени вкупно 2 895 вонредни инспекциски надзори во периодот од 12 до 18 мај

Trident Peak се пласираше меѓу 8-те најдобри стартапи од целиот свет на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели

Влатко Зорба