СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Македонските банки во време на пандемија од угостителите инкасирале повеќе од 10 милиони евра

„Годишните приходи во угостителската индустрија до периодот пред пандемијата надминаа осумстотини милиони евра. Половина од овие приходи беа остварени како извоз односно приходи од странски гости и туристи. Безмалку сто милиони евра се комерцијални краткорочни и долгорочни кредити од македонските комерцијални банки вклучувајќи ги и кредитите од Развојната банка на РСМ кои ги користат угостителите и вработените во угостителската индустрија“, соопштуваат денеска од НЕзависната угостителска комора.

„И во периодот кога не работеа или работат под посебни ограничувања и протоколи во услови на пандемија најголемиот број на угостители истовремено корисници на повеќе економски сет мерки за финансиска помош и поддршка од Владата навреме и во целост ги подмириле своите обврски кон банките. За жал ниту една банка во изминатиот период во време на пандемија Ковид-19 не излегла во пресрет на угостителите и направила самоиницијативно намалување на камати, провизии, трошоци или останати надоместоци. Затоа пак банките не ги пропуштиле сите законски можности да прокнижат и наплатат повеќе од десет милиони евра на име камати, провизии, разни надоместоци за платен промет, провизии од наплата на картички и трошоци за водење на сметки и да ги зголемат енормно своите приходи и профити од угостителите и во услови на пандемија.

Банките и покрај тоа што континуирно се декларираат како општествено одговорни друштва со ништо не допринесоа или направија во изминатиот период да дадат свој допринос во помош или поддршка на загрозените сектори од угостителската индустрија и наместо активно да земат учество за поддршка во заедничко надминување на кризата со пандемијата Ковид-19, безмилосно ги наплатија и наплатуваат и понатаму во целост сите законски приходи од камати, провизии и трошоци за водење на сметки.

Затоа јавно ги покануваме и повикуваме сите банки кои се сметаат за општествено одговорни друштва во наредниот период да најдат начини и донесат одлуки за да ИЗДВОЈАТ ДЕЛ ОД СВОИТЕ ПРОФИТИ КОИ ГИ ОСТВАРИЛЕ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ И УТОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА за директна помош и поддршка на угостителите и/или кампањи на угостителската индустрија.

Воедно очекуваме банките да организираат заедничка средба со претставници на угостителската индустрија со цел на формирање на фонд за финансиска поддршка во опоравување и ревитализација на угостителите наменет за помош и поддршка во организација на разни настани или за унапредување на работењето на угостителските објекти во интерес и зачувување на јавното здравје“, истакнуваат оттаму.

Поврзани вести

Азески: Вакцините на Вучиќ го обединија западнобалканскиот бизнис

Влатко Зорба

Заев: Инвестицијата на „Магна” во Струга ќе отвори над 1.200 работни места

Влатко Зорба

Машина на „Брако“ чистеше пред Белата куќа

Влатко Зорба