СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Одобрени се 5,9 милиони евра за 506 компании, кои вработуваат 3,552 лица

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3,552 вработени.

Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци- поединци.

Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37%, а по него следи Полошкиот регион со 17% и југоисточниот регион со 14%. Од југозападниот, источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор.

Поврзани вести

Лагард: Економијата во еврозоната во 2020 година ги достигна своите највисоки нивоа од светската финансиска криза

ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании

Бектеши: Финансиска поддршка за компании кои беа храбри и инвестираа во време на коронакризата