СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пандемијата ја зголеми побарувачката на вотка и виски во Русија

Русите во последните неколку недели, откако изби пандемијата на коронавирусот, ја зголемија потрошувачката на алкохолни пијалаци, пишува Reuters.

Во последната недела од март, побарувачката на вотка меѓу најголемите трговски ланци во Русија е зголемена за 31%, додека потрошувачката на виски порасна за 47%, а за пиво 25%.

Рускиот претседател, Владимир Путин, април го прогласи за неработен месец на ниво на целата земја. Голем број компании од Русија им овозможуваат на вработените да работат од дома, некои добија неплатен одмор, додека други се соочуваат со намалување на платите.

Поврзани вести

Мицкоски: Мора да се спасат бизнисите на компаниите, да се задржат вработените

Бесими: Ќе воведеме систем на паметни финансии – стратешки, одржлив, одговорен, реформски и транспарентен

Влатко Зорба

Биткоинот забележа благ раст: Еве како се движи пазарот на криптовалути денес

Stefanija Kuzmanovska