СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Парите од пропаднатите билети на Виз Ер ќе бидат трансферирани во кредити

Авиокомпанијата Виз Ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата Ковид 19, го автоматизираше процесот на рефундација на афектираните клиенти со автоматско поставување на 120 проценти од оригиналната цена во делот на Виз кредитите на сметките на своите клиенти.

– Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година за да се осигури дека може да се справи со откажувањата примени во последно време, чија бројка е зголемена повеќе од 100 пати. Wizz Air би сакал да ги увери сите свои клиенти дека дури и ако процесот потрае подолго од вообичаеното, сите побарувања ќе бидат решени и клиентите ќе имаат право на рефундација по откажаниот лет, стои во соопштението од нискобуџетната авиокомпанија која опслужува повеќе летови од аеродормите во Скопје и во Охрид.

Додека автоматскиот процес на враќање на готовина за туристички агенции се развива со висок приоритет, Виз Ер ги замолува туристичките агенции да го контактираат центарот за повици на авиокомпанијата.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ги контактираат компаниите преку кои ги купиле своите билети. – Во овој исклучително невообичаен период ве замолуваме да ги користите нашите платформи за самопослужување, кои се наведени во електронските пошти за да се намали колку што е можно повеќе користењето на нашите центри за повици кои и онака се премногу зафатени, наведува авиокомпанијата.

Поврзани вести

„Рамстор Македонија” денеска ќе биде преземена од „Сити плаза холдинг”

Влатко Зорба

Оштетените штедачи од Еуростандард банка поднесоа иницијатива до Уставниот суд

Берта Китинска

Маск ќе воведе вселенски интернет на Марс

Никола Поповски