СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Преку мерката „Купувам домашно“ забележано зголемување на потрошувачката на одредени производи

Рокот е многу краток за граѓаните да ги добијат средствата на платежни картички затоа  одлучивме директно да ги трансферираме средствата на нивните жиро сметки. Целта ни е да ја поттикнеме потрошувачката како важен дел од БДП, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој изјави дека во минатото преку мерката купувам домашно имало зголемување на  потрошувачката на одредени производи.

-Во момент кога доаѓаат празници кога овие средства им се најнеопходни на граѓаните одлучивме да можат да ги користат средствата и по крајниот рок – 25 декември. Секако дека овие средства ќе ја поттикнат приватната потрошувачка, а на јавната потрошувачка ќе влијае и Владата со реализација на повеќе проекти кои се во тек, Целосната контрола и имплементацијата на мерката се врши од страна на УЈП. Ние со оваа мерка им излеговме во пресрет на сите категории граѓани и на сите граѓани кои беа изоставени во третиот сет на економски мерки. Сега помош добиваат и оние кои се невработени, а се пасивни баратели на работа, пензионерите, младите лица и други категории кои не беа опфатени претходно, рече Бектеши .

Поврзани вести

Испитувањето на вакцината против корона ја зголеми цената на нафтата

Stefanija Kuzmanovska

СГИП: Масовно заминување на градежните работници во странство веднаш по отворањето на границите

Влатко Зорба

УЈП го продолжи рокот за пополнување на образец за ослободување од месечни аконтации за данок на добивка

Ангела Веселиновска