СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прометот во вкупната трговија во четвртото тримесечје бележи пад од 24,3% на годишна основа

Прометот во вкупната трговија во четвртото тримесечје забележа реален пад од 24,3% на годишна основа, одразувајќи ги и натаму неповолните остварувања кај трговијата на големо и трговијата на мало, додека трговијата со моторни возила забележа висок реален раст, објави Народната банка во месечната информација за најновите мароекономски показатели – февруари 2021 година.

Сепак, падот на прометот во вкупната трговија, како и на трговијата на големо и трговијата на мало, е поблаг во споредба со падот забележан во третиот квартал.

Индустриското производство во четвртиот квартал од 2020 година забележа просечен пад од 2,3% на годишна основа, што претставува значително забавување во споредба со падот од 7,5% во третиот квартал, во услови на забележана позитивна годишна стапка на раст во декември 2020 година, за првпат од појавата на пандемијата.

Гледано по главни индустриски дејности, во четвртиот квартал најголем пад и следствено највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, а мал негативен придонес се забележува и кај енергетскиот сектор. Од друга страна, рударството има позитивен придонес. Падот во рамките на преработувачката индустрија е широко дисперзиран, а најголем негативен придонес се забележува кај дел од традиционалните дејности, како на пример „производство на прехранбени производи“, „производство на облека“, како и „производство на тутунски производи“.

Кога станува збор за дејностите каде што се активни странските извозни капацитети, најголем негативен придонес се забележува кај производството на машини и уреди. Од друга страна, највисок позитивен придонес во преработувачката индустрија во четвртиот квартал се забележува кај производството на моторни возила (дејност којашто во периодот од март до септември забележа значителен пад), што е воедно и носител на растот на индустријата во декември заедно со растот на производството на метали, текстил и електрична опрема, се вели во извештајот на НБ.

Поврзани вести

Државата со 31.000.000 денари поддршка за промоција на туристичката понуда

Влатко Зорба

Координативно тело: Во тужбата против Стопанска Банка поднесена од 430 акционери се бара надомест на штета за неисплатена дивиденда

Влатко Зорба

НАЈГОЛЕМИОТ ПАД ВО ИСТОРИЈАТА: Америка во најдлабока рецесија досега, најмалку 40 милиони без работа

Stefanija Kuzmanovska