СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сан Марино пред банкрот: Им се срушила економијата, а заради кризата може да ја изгубат и независноста

Република Сан Марино е во опасност да банкротира поради економската криза што следеше по пандемијата „Ковид-19“, а поради долгот би можела да ја изгуби својата 1300-годишна независност.

На почетокот на пандемијата, Република Сан Марино се двоумеше, од економски причини, да воведе карантин, а откако 1.200 граѓани од вкупно 33.000 беа заразени и скокнаа на првото место во однос на бројот на заразени во светот, надлежните беа принудени да воведат рестриктивни мерки.

Дури и пред пандемијата, банкарскиот систем на Републиката се распаѓаше, долговите на земјата се зголемија на 360 милиони евра, а сега, за да се избегне финансискиот колапс, надлежните во Сан Марино бараат помош од првиот сосед Италија, и „Банкаиталија“.

Република Сан Марино долги години е даночен рај, идеално место за прикривање пари и покривање на патеките на компаниите чие богатство сопствениците не можеа да го докажат.

„Милиони исчезнаа, ги изедоа банките“, тврди Џузепе Марија Морганти, советник на опозициската Демократска партија.

Од 11 банки, шест банкротираа, загубите мораше да ги надомести државата, а една банка беше национализирана.

Во последните пет години, богатството на земјата е преполовено, социјалниот производ пред пандемијата на коронавирус беше помал за 28 проценти, а заради инфекција и карантин падна за уште 12 проценти.

За ублажување на економската криза, Република Сан Марино отпечати државни обврзници Титано (именувана по планината Титано на чии падини се протега земјата) во вредност од 500 милиони евра.

Еден титано вреди едно евро, но дури и тоа не е доволно, има недостаток на пари за исплата на пензии и за живот.

Дури има и размислувања за воведување данок на додадена вредност, што би претставувало преседан во историјата на најмалата земја во светот.

Ил фато Котидиано пишува дека ако не му се помогне на Сан Марино, тоа би можело да падне во рацете на кинескиот или рускиот главен град, кои потоа би можеле да ги искористат за да купат гласови во меѓународни институции како ООН, ОБСЕ и слично.

Околу 10.000 Италијанци кои имаат двојно државјанство и живеат во Сан Марино, така што ова е еден од мотивите што некои италијански политичари апелираат „да помогнат, затоа што ако Сан Марино не успее, тоа ќе биде трагедија и за Италијанците“, тврди членот на Демократската партија Марко ди Мајо.

 

Поврзани вести

Постигнат историски договор меѓу најбогатите земји во светот

Влатко Зорба

Американците би можеле да заштедат околу 70 милијарди долари годишно со преминување на електрични возила

Stefanija Kuzmanovska

Најевтин мобилен интернет има во Израел, најскап во Екваторијална Гвинеја, а каде е С.Македонија?

Влатко Зорба