СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Со вториот сет владини мерки поддршка и за занаетчиите

Сите занаетчии, автомеханичари, фризери, бербери, пекари,… може да аплицираат за владината поддршка од вториот сет економски мерки што денеска го соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Како што рече Спасовски на прес-конференција, занаетчиите се опфатени преку мерката која се однесува на правните субјекти од приватниот сектор, но конкретно за нив ќе се регулира со посебни, дополнителни уредби кои ќе бидат донесени деновиве.

Од вториот сет економски мерки на Владата никој не е изземен, нагласи Спасовски, посебно не микро и малите фирми. Ќе се стори се – што повеќе луѓе да останат на работа. Најмногу ќе му се помогне на оној што има најмалку.

– Во овој сет мерки нема никој што е изземен. За занаетчиите ќе се донесе посебна уредба. Секој од нив има право да аплицира за поддршката. Во овој момент овие категории се најпогодени и мерките мора да се однесуваат за микро и малите петријатија, истакна Спасовски.

Предмет на финансика поддршка за правните субјекти од приватниот сектор е исплатата на плати на работниците за април и мај во износ од најмногу 14.500 денари. Со мерката, потенцира премиерот, се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор. Се намалуваат нивните трошоци за плати во фунцкија на заштита на работните места.

Поврзани вести

Арсовска: Нејасно е врз кои параметри е базиран проектираниот раст од 3,8% идната година

Влатко Зорба

Работиме со сите сили да ја трансформираме С. Македонија во нов регионален центар на иновации, рече премиерот

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Близок соработник на Трифун Костовски ја затворил сопствената фирма која останала должна во „Еуростандард“

Влатко Зорба