СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Да си правиш дебата без да ги слушнеш работниците е еднакво на робовладетелско општество

„Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е еднакво на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи“, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија.

Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на Државата?

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот?

Се прашуваме дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да не мораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички права“, се додава во реакцијата.

Прогласувањето на неделата за неработен ден ќе предизвика финансиски загуби во одредени сектори, ќе ја намали продуктивноста и конкурентноста на компаниите и ќе ги принуди странските инвеститори да ја преиспитаат одлуката за инвестирање, едногласни денеска работодавачите на панел дискусијата.

Панелистите се согласни дека прогласувањето на недела за неработен ден нема да ги даде очекуваните придобивки, туку ќе предизвика проблеми во работењето на повеќе сектори

Поврзани вести

Генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

Никола Поповски

„Блумберг“: С. Македонија издава нова 7-годишна еврообврзница

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Како деловно неактивна фирма добила кредит од 380 илјади евра од Еуростандард банка?

Влатко Зорба