СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Битка за PlayStation 4: Стотици луѓе против полицијата за конзолата за игри од 95 евра

Промотивната продажба на популарната конзола за игри PlayStation 4 во францускиот град Оргевал, северо-источно од Париз, заврши со полициска интервенција и густи облаци од солзавец.

Поради отворањето на својата нова продавница во тоа место, компанијата Лидл објави дека PlayStation 4 Slim, во верзијата со хард диск од 500 GB, ќе се продава по цена од само 95 евра. Инаку, редовната цена на оваа конзола е околу 300 евра.

Мотивирани од исклучително поволната понуда, стотици луѓе се собраа пред продавницата, од кои некои кампуваа пред продавницата уште од претходната вечер.

Утрото, непосредно пред отворањето, пред продавницата имаше толпа од луѓе. Ова влијаеше и на сообраќајот на околните улици, бидејќи голем број од нив дојдоа со автомобил, така што паркираните автомобили ги блокираа тротоарите и патиштата.

Како што се приближуваше времето за отворање, се зголемуваа тензиите меѓу собраните, бидејќи еден работник од обезбедувањето се обидел да воспостави ред врз толпата народ.

Во моментот кога тензиите го достигнаа својот врв, раководството донесе одлука да ја откаже акцијата, најавувајќи дека безбедносната состојба не дозволува отворање на супермаркетот. Промотивната продажба на конзолата PS4 е трајно откажана.

Набргу потоа, полицијата интервенираше, со употреба на солзавец за да ја растера толпата. Лидл објави дека конзолите потоа биле вратени на снабдувачот.

Поврзани вести

Microsoft претстави нов таблет Surface Pro 7+ for Business (ВИДЕО)

Влатко Зорба

OmniVision претстави нов сензор од 40MP за паметни телефони

Влатко Зорба

Nvidia вклучила програма во новата графичка картичка за да ги одврати Етереум „рударите“

Влатко Зорба