СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни и едукативни дејности и игротеки

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки при Сојуз на стопански комори на Македонија на денешната прес конференција.

Трајко Николовски, претседател на Групацијата, истакна дека бројот на неработни денови е трицифрен и веќе влегуваат во петтиот месец на кризата која почна во март, не со процентуално намален промет, туку со промет нула, бидејќи се уште воопшто не ја остваруваат дејноста .

„Како мали бизниси за да отпочнеме со дејност, многумина од нас, освен сопствени имаат вложено и позајмени средства како од роднини и пријатели, така и од комерцијалните банки, при тоа заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта. Состојбата во која се наоѓаме е алармантна, резерви на средства немаме.

Сакаме да истакнеме дека иако игротеките од 11 март престанаа со вршење на својата дејност, прославувањето на детските родендени не престана. Родендените продолжуваат да се организираат во домашни услови, без соодветни протоколи.

Изминативе денови до Комисијата за заразни болести ги предадовме и предлог протоколите кои самите ги изработивме, следејќи и прифаќајки ги позитивните примери на земјите од соседството, кои сме подготвени да ги почитуваме во целина. Сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени“, изјави Николовски и додаде дека како економски оператори родендените кои ги организираат се исклучиво од затворен тип, т.е. со ограничен број на гости кои добро му се познати на организаторот на роденденот, како и нивната здравствена состојба, бидејќи станува збор за гости од исто семејство, блиски роднини и пријатели.

Компаниите од секторот најпрво бараат финансиска поддршка во висина на половина од просечниот месечен бруто приход земен од времето кога работеа, секој месец без прекин на неодредено време до нивно повторно отворање, како би можеле да ги сервисираат закупнините, режиските трошоци, платите и придонесите во периодот кој им претстои затоа што моментално не работат, имаат промет нула и се уште се затворени.

„ Понатаму, Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето. И трето во време кога секој од нас е важен, кога се бориме за секое работно место, кога сите сакаме нови инвестиции, нови вработувања, јавно прашуваме, што ќе се случи со нашите инвестиции во кои работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку

семејства. Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле“, изјави Николовски.

Компаниите кои се занимаваат со овие дејности, од сите градови во земјата, се здружени и единствени, но само со заедничка работа на сите чинители може да се надминат предизвиците и економски да опстојат.

Поврзани вести

Битиќи: Посветени сме на стимулирање на младите лица да создаваат подобра иднина, за себе и за државата

Влатко Зорба

Од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички

Влатко Зорба

Неновски: Незначителниот износ на домашни капитални инвестиции има негативен одраз кај странските инвеститори

Влатко Зорба