СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот зголемени во декември

Трошоците на живот во декември минатата година, во однос на ноември, се зголемени за 0,4%, додека кај цените на мало има пораст од 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на живот во текот на минатата година, во однос на 2019 година, имаат пораст од 1,2%, а кај цените на мало скокот е за 0,4%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2020 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,3%, Разновидни стоки и услуги за 2,6%, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,4%, Ресторани и хотели за 2,2%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 2%, Здравје и Рекреација и култура за 0,9%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,4% и Образование за 0,3%.

Намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 6%, Облека и обувки за 1,3% и Комуникации за 0,1%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2020 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско прехранбени производи за 2,9%, Земјоделски производи за 1,1%, Пијалаци за 0,4% и Услуги за 0,1%.

Намалување на индексите е забележано во групите: Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 0,2%. Индексот на трошоците на животот во декември 2020 година, вo споредба со декември 2019 година, забележа пораст од 2,3%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 1,7%.

Поврзани вести

Европа АД Скопје се стекнала со 200 обични акции од Фершпед

Влатко Зорба

Наредната недела треба да се формализира барањето на ГЕС за лиценца за топлинска енергија

msp-admin

Макпетрол донираше 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за ученици

Влатко Зорба