СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ваучери за домашен туризам и во 2021 година

„Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓаните со ниски приходи дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети“, изјави денеска на прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

За оваа мерка ќе бидат издвоени 15 милиони денари, а ќе биде наменета за семејствата чии месечни примања не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.

„Поддршката ќе биде по 12.000 денари од апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина на 2021 година“, истакна Бектеши.

Поврзани вести

Раст на кредитите и депозитите во декември минатата година

Stefanija Kuzmanovska

Лукаревска: Компаниите кои ќе донираат за спортските ваучери, ќе бидат делумно ослободени од Данок на добивка

Влатко Зорба

Бислимоски: Буџетот на РКЕ да се намали за 8%, непредвидените расходи се анулирани во целост

Влатко Зорба