СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Викенд без ДДВ, една милијарда денари за поврат на граѓаните

Една милијарда денари или 17 милиони евра предивува да врати на граѓаните Министерството за финансии со вториот ребаланс на Буџетот за остварување на мерката „Викенд без ДДВ“, што ќе се реализира продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври годинава.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција за вториот ребаланс на Буџетот, кажа дека во зависност од тоа како ќе се покаже мерката и ако има импакт врз економијата, ќе се одлучи дали ќе се користи и во иднина.

– Тоа е разгледано и имаше такви иницијативи, меѓутоа идејата беше да се види во пракса како ќе функционира и затоа е даден продолжен викенд и е лимитиран износот. Макисмално граѓаните ќе може да потрошат до 30 илјади денари. Таквото лимитирање е од две причини. Едно подобро да се планира буџетот, а второ е да нема многу гужви во тој период и да се пролонгира потрошувачката само во тие три дена, изјави Бесими.

Законските измени, посочи тој, вчера веќе поминаа на седница на Влада и во текот на денешниот ден ќе оди на Собрание.

Враќањето на дел од ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните кои се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходни за скенирање на сметки „МојДДВ“.

Согласно законските измени, за време на претстојниот продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните за за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице ќе добијат целосен поврат на ДДВ-то.

Поврзани вести

Игротеките бараат помош од Владата и датум за нивно повторно отворање

Бектеши: Ќе ја спречиме злоупотребата на екстра лесното масло за домаќинство

Влатко Зорба

Раст на кредитите и депозитите во декември минатата година

Stefanija Kuzmanovska