СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Вработените во „Пејпар мил“ ќе „одмараат“ до април, платата ќе им се намали за 30 отсто

Сите 120 вработени во фабриката за хартија „Пејпар мил“ од Кочани денеска добија писмени решенија дека работниот однос им продолжува, но до почетокот на април да не доаѓаат на работа.

За месеците додека не се ангажирани, работниците ќе добиваат редовни плати, намалени за 30 отсто, соопшти МИА.

Во меѓувреме, додека работниците се на принуден одмор, во „Пејпар мил“ очекуваат да пристигне таканаречениот вреќест филтер, што ќе биде инсталиран на оџакот од системот за согорување пелети.

Поврзани вести

Македонската и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата

Влатко Зорба

Бесими објави дел од економските мерки од четвртиот пакет

Александар Петровски

Бислимоски: Целиме кон реализација на зелено сценарио, но тоа мора да биде постепено

Влатко Зорба