Најголема жртва на пандемијата со ковид се земјоделците. Анализата на невладината Finance think покажува дека земјоделскиот сектор во 2020 година изгубил 20 776 работници.Најголем дел од изгубените работни места се кај самовработените земјоделци и кај неплатените семејни работници.
Земјоделскиот сектор бил силно удрен од кризата но не наишол на соодветна владина затита, велат од Фајненс тинк додавајќи дека освен загубени работни места, корона кризата предизвикала пад и на доходот на земјоделски плати за 16 % а одработените часови се намалија за 28%. Земјоделските работници беа и најсилно погодени од Ковид-19 кризата, и најмалку заштитени од владините мерки, велат од фајненс тинк а како аргумент ги користат бројките кои покажуваат дека во преработувачката индустрија се загубени нешто над 1000 работни места,2500 во градежништвото, околу 2000 во транспортот, во угостителството бројот е задржан а во трговијата се регистира зголемување од 4500 работни места.
Дел од причините за ваквите состојби се лоцираат во низа ранливости кои ги правата земјоделците подложни на корона кризата а сето тоа , според анализата , им го отежнува пристапот до владините мерки за зачувување на работните места.Имено, речиси половината од нив се самостојни земјоделци кои плаќаат данок и придонеси за своја сметка, една третина се неплатени семејни работници а само 16,2 % работат за плата.
Оттука станува јасно дека мерките кои властите ги спроведуваа во време на Ковид 19 за зачувување на работните места, првенствено мерката „14.500 ден. по работник“, но и мерката за субвенционирање на најмногу 50% од социјалните придонеси , не можеле да бидат искористени од страна на земјоделските работници.Тие мерки бараа корисниците да бидат формални работници, со писмен склучен договор за вработување, кој работи во фирма која има пад на прометот поголем од 30%.
Аналитичарите препорачуваат мерката 14 500 ден по работник да се направи пристапна и за регистрираните земјоделци а по примерот на еднократни грантови за игротеки, салони за убавина, ресторани за свадби и ноќни клубови, вакви грантови да добиваат и мали земјоделски стопанства кои ќе документираат пад на прометот.
Во 2019 г. земјоделството учествуваше со 9,4% во вкупната додадена вредност и вработуваше 13,9% од сите вработени.Во 2020 г, во време на пандемијата, земјоделството продолжи да расте со стапка од 4,6 % велат од Фајненс тинк, но изгуби речиси 21 000 работници, додека вкупната економија изгуби само 8000.
Тоа имплицира дека во време на пандемија други сектори креирале работни места, поради што , поради што во агрегатна бројка, бројот на изгубени места е скоро трипати помал од изгубените работни места во земјоделството, Finance think.
Најмногу работни места се изгубени кај младите земјоделци од 15-29 годишна возраст, а според образованието загубите се најголеми кај земјоделците со средно образование.Најзаштитени се покажале високообразованите земјоделци.