СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Жито Лукс: Оперативната добивка зголемена за 118%

Во периодот јануари-декември 2020 година, Жито Лукс АД Скопје ја претвори загубата од работењето во 2019, во профит, соопштија од компанијата.

Добивката пред одданочување за 2020 година изнесува 8.5 милиони денари што претставува зголемување за 16.9 милиони денари споредбено со истиот период лани. Оперативната добивка е зголемена за 118%, додека бруто профитната маржа е подобрена за 0.3 процентни поени.

Приходите од продажба во 2020 година, изнесуваат 1.089.912 илјади денари. Споредбено со истиот период минатата година има намалување на приходите од продажба на домашен пазар за 2%, додека приходите од продажба на странски пазар бележат зголемување за 6%.

Останатите оперативни приходи се пониски споредбено со минатата година за 48%, како резултат на еднократен ефект од продадени нетековни средства во 2019 година.

Компанијата оваа година има пониска кредитна изложеност споредбено со минатата година и успеа да ги намали расходите за камати за 20% или 4 милиони денари.

Поврзани вести

Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1 348 663 претплатници

Влатко Зорба

Со мерката ваучер систем се зголемува интересот за спонзорирање на компаниите во спортот

Влатко Зорба

Поскапуваат горивата од полноќ

Влатко Зорба