Ова е рецепт за вистински нутела деликатес кој можете да го послужите како десерт или како сладок ручек.
Состојки:
* 200 гр нутела
* претходно испечени палачинки (сами одредете ја количината, во зависност од тоа колку „лазањи“ ќе направите)
* 1 чаша кисела павлака
* 300 мл крем за готвење
Подготовка:
Печете ги палачинките како и обично и оставете ги да се изладат.
По потреба исечете ги палачинките за да одговараат на тавата во која ќе ја направите оваа слатка лазања.
Подмачкајте го плехот и наредете ги лазањите по редослед: палачинка-нутела-палачинка-нутела и така додека имате палачинки.
Горната палачинка не ја мачкајте.
Во сосот измешајте павлака и павлаката за готвење и прелијте ги лазањите.
Одозгора можете да посипете кафеав шеќер или ситно сечкани лешници.
Печете на 200 степени 20 минути и уживајте во најдобрата слатка лазања досега.
На здравје!