Оваа есен или зима хранете се здраво и чувајте го имунитетот, а оваа топла чорбичка ќе ви донесе здравје во чинија.
Зеленчукот е секогаш добар избор, а топлата варена храна е вистински благодат за организмот.
Затоа пробајте го овој рецепт за пилешка чорба полна со зеленчук, витамин Ц и Д, богата со минерали, антиоксиданти…
Состојки:- 200 грама исечкани пилешки гради;
– 350 грама исечкан кељ;
– 3 помали целери, тенко исечкани;
– 2 моркови;
– 500 грама шампињони;
– 5 чешниња лук;
– една шолја исечкан кромид;
– 8 шолји пилешки бујон;
– 2 лажици маслиново масло;
– 4 гранчиња мајчина душичка;
– 2 ловорови листа;
– сол, бибер, слатка мелена пиперка.
Подготовка:
Ставете го маслиновото масло во пилешкиот бујон, па оставете да се загрее на средна температура.
Додадете го целерот, шампињоните, морковот и кромидот, па варете неколку минути со мешање.
Додадете го ловоровиот лист, мајчината душица, па пилешкото месо и зачините.
Варете околу половина час, па додадете го кељот и варете уште пет минути.
Извадете ја мајчината душица и ловоровиот лист од чорбата.
Послужете додека е топла.
Пријатно јадење!