СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

5G стартува масовно во Кина од 1 ноември

Трите водечки телекомуникациски мрежи во Кина – China Mobile, China Unicom и China Telecom – најавија дека ќе лансираат 5G услуги на национално ниво утре, 1 ноември, објави „Ројтерс“.

Објавени се 5G плановите на веб-страниците и онлајн продавниците на операторите, почнувајќи од 128 јуани месечно. Ултра-брзиот мобилен интернет сервис ќе биде достапен во петок за потрошувачите на национално ниво.

Претходно, Пекинг соопшти дека ќе пушти ултрабрза 5G услуга со нови функции, вклучувајќи автономно возење, на почетокот на следната година.

Како и да е, владата подоцна донесе одлука да го забрза спроведувањето на своите планови заради зголемените тензии со САД, кои најавија бојкот на телекомуникацискиот гигант Huawei Technologies.

Поврзани вести

Францускиот регулатор го казни Google со 220 милиони евра за злоупотреба на својата позиција

Влатко Зорба

Трамп наскоро ќе лансира своја социјална мрежа

Влатко Зорба

САД: Дополнителната финансиска помош за невработените ја поттикнува потрошувачката во услови на криза

msp-admin