СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

6,1 милијарди фунти за малите бизниси во Велика Британија за справување со последиците од коронавирусот

Во Велика Британија, малите бизниси добија 6,1 милијарди фунти од 12 милијарди фунти расположиви за итни грантови за да им помогнат во кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус, изјави денеска портпаролот на Министерството за финансии.

Скоро 500.000 компании досега добиле грантови од 10.000 до 25 000 фунти.

Планот за грант беше објавен минатиот месец како дел од низата мерки за помош на економијата, претставени од министерот за финансии, Риши Сунак.

Беше критикувано дека премногу малку фирми се вклучени во програмата за грантови.

Сунак во понеделникот рече дека банките одобриле 12.000 грантови поради нарушување на деловните активности предизвикани од пандемијата од коронавирус.

Владата, исто така, вети дека ќе плати 80 проценти од платите на работниците кои се отпуштени привремено, што е една од мерките за помош на економијата.

Поврзани вести

Повеќе од половината од регистрираните возила во Норвешка се електрични

Влатко Зорба

„Танјуг“ избришан од бизнис регистарот на Србија

Влатко Зорба

Турција за повлекувањето на „Volkswagen“: Не губиме ние…

Влатко Зорба