СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Американската влада го тужи Facebook за монопол

Американската федерална комисија за трговија и 48 американски држави ја тужат компанијата Facebook за наводни прекршувања на законите што спречуваат создавање монополи.

Главниот дел од тужбата се однесува на купување на Instagram за една милијарда долари во 2012 година и WhatsApp за 19 милијарди во 2014 година.

Федералната комисија за трговија соопшти дека ќе побара одлука со којашто, меѓу другото, ќе се бара Facebook да се откаже од аквизициите, вклучително и Instagram и WhatsApp.

Коалицијата на сојузни американски држави исто така бара поседувањето на други социјални мрежи од страна на Facebook да се прогласи за нелегално.

“Скоро цела деценија, Facebook ги користи своите доминации и монопол на пазарот за да уништи послаби ривали и да ја задуши конкуренцијата, сето тоа на штета на редовните корисници“, изјави државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

Таа посочи дека компанијата користи огромни суми пари за да ги преземе ривалите, пред тие да ја загрозат доминацијата на Facebook.

Facebook е најголемата социјална мрежа во светот со 2,7 милијарди корисници, чијашто пазарна вредност се проценува на скоро 800 милијарди долари.

Поврзани вести

Corona се враќа во игра со нова кампања и Снуп Дог во главна улога

msp-admin

Најдолгиот тренд на пад на доларот во последните 10 години

msp-admin

Почнува дупчењето во црногорскиот дел на Јадранот, се бара нафта и гас

Влатко Зорба