СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple останува без AirPods Pro пред празниците

Новите слушалки AirPods Pro, кои беа објавени во октомври и се карактеризираат со нов дизајн и нова технологија за потиснување на бучава, целосно се расподадени преку Интернет во САД пред празниците, пренесува CNBC.

Некои аналитичари го предвидоа ова и се чини дека Apple има нов производ што станува хит.

Во ноември, аналитичарот на Wedbush, Дан Ајвс изјави дека AirPods Pro е „очигледната sвезда на „Црниот петок“ и сезоната на празници“ и предвиде недостаток. Ајвс тогаш објасни дека очекува Apple да продаде 65 милиони AirPods во 2019 година и потенцијално 85 до 90 милиони единици во 2020 година (овие податоци вклучуваат и поевтин, „обичен“ модел на AirPods).

Продавниците на Apple останаа без слушалки во ноември кога CNBC забележа дека нарачките нема да пристигнат сè до Божиќ. Но, во исто време, AirPods Pro беше достапен и на Интернет во продавниците на неколку други трговци на мало, вклучувајќи ги Target, Walmart и Best Buy.

Сега, повеќето од овие трговци немаат никакви опции за испорака преку Интернет, а повеќето немаат залихи во продавниците. Постојат мал број на продавници кои можат да имаат особено ограничени количини за купување локално во САД.

Поврзани вести

Македонски Телеком за три месеци со добивка од 313,2 милиони денари

msp-admin

Шефот на EasyJet: Побарувачката за патувања е во пораст, вакцинацијата е клучна

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ на мета на критика: Сакаат да го следат и анализираат говорот на телото и изразите на лицето на вработените

msp-admin