СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„АстраЗенека“ го продаде својот удел во „Модерна“ за над милијарда долари

Британско-шведската мултинационална компанија „АстраЗенека“ го продаде својот удел од 7,7 проценти во „Модерна“ за повеќе од 1 милијарда долари откако акциите на американската биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивањето на пазарот на нејзината вакцина за коронавирус, објави лондонски „Тајмс“.

Во текстот на „Тајмс“ се забележува дека не е познато кога „АстраЗенека“ го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да го продолжи партнерството во производството на лекови за други болести, пренесе Ројтерс.

„АстраЗенека“ би можела да ја продава комерцијално својата ковид-вакцина, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, ако вирусот стане ендемичен, се додава во текстот.

„Модерна“, чија вакцина е одобрена за итна употреба против коронавирусот во САД, минатата недела објави дека очекува да ја продаде оваа вакцина во износ од 18,4 милијарди долари оваа година.

Поврзани вести

Објавени најуспешните претприемачи за 2019 година

msp-admin

Apple ќе инвестира над милијарда евра во Европски центар за 5G и безжични технологии во Минхен

Влатко Зорба

„Амазон“ со најголем приход на сите времиња во четвртиот квартал

Влатко Зорба