Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека Австрија е подготвена да произведува руски и кинески вакцини за коронавирус веднаш штом ќе бидат одобрени од Европската агенција за лекови.
Во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“, Курц зборуваше за тековните капацитети на Австрија кога станува збор за вакцините за коронавирус. По тој повод Курц се осврна и на алтернативните пазари, односно набавката на руски и кинески вакцини и рече дека Австрија нема ништо против опцијата да започне производство на вакцините „Спутник V“ и „Синовак“.
„Откако вакцините ќе бидат одобрени во ЕУ, Австрија дефинитивно ќе се обиде да обезбеди капацитети за производство во државните компании со цел да обезбеди доволен број руски и кинески вакцини на нашите граѓани“, рече Курц.