СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цената на алуминиумот РАСТЕ: Стигна 2.300 долари за тон

Цената на алуминиумот за тримесечна испорака на лондонската берза за метали се искачи на највисоката вредност од јуни 2018 година, достигнувајќи 2.304 американски долари за тон.

Растот се случи во време кога кинеските трговски податоци ги зголемија изгледите за побарувачката. Цената на металот е утврдена на 2.293 долари за тон од средата. Кинескиот увоз и извоз продолжи со силен раст во март, според податоците објавени од царински службеници.

Извозот порасна за 30,6% во март во споредба со претходната година. Увозот исто така се зголеми за 38,1% минатиот месец од 2020 година, на 227,34 милијарди долари, што е далеку над очекувањата за раст од 24,5%.

Експертите велат дека бројките сугерираат дека глобалното економско закрепнување помага да се зголеми побарувачката во азиската земја, која е најголем потрошувач на основни метали. Тие посочуваат дека побарувачката за метал расте исто како што обидите на Кина да ги намали емисиите на јаглерод ги зголемува очекувањата дека ќе се намали ширењето на снабдувањето со алуминиум.

Марекс Спектрон вели дека производството на алуминиум во кинескиот регион Синџијанг може да биде ограничено. Аналитичарот на Комерцбанк, Даниел Брајсман, за Блумберг пак изјави дека и покрај фактот дека Кина беше погодена од кризата во првиот квартал на 2020 година, „податоците покажуваат дека земјата сè уште има значителен апетит за стоки“.

Поврзани вести

Грчките угостители очајни, бараат помош од владата

Влатко Зорба

Tesla не успеа да испорача 500 илјади автомобили до 2020 година

Влатко Зорба

Трговската размена меѓу Кина и САД скокна за 80% од почетокот на годинава

Влатко Зорба