На 34-годишна возраст се рангираше меѓу најмладите милијардери во Индија кои создадоа сопствено богатство (self-made billionaires), а сега Никил Камат ги советува другите претприемачи како да успеат.
Минатата година тој се приклучи на „Forbes India Rich“ листата со неговиот брат и колега Нитин. Нивната платформа за тргување со акции „Zerodha“ беше огромен успех среде пандемија.
По напуштањето на средното училиште, Камат имал разни работи: од услуги за перење алишта до продажба на користени телефони, но видел вистински успех едвај кога ја основал „Zerodha“. Неговиот прв совет е да ги следите трендовите во индустријата што ја одбирате, но и да ја направите „соодветна“ за вас.
За сите оние кои живеат или работат во Индија, тој вели дека пазарот сега има голем финансиски потенцијал, што треба да се слуша. Покрај технологијата, златото и другите ризични средства, во недвижнини се инвестираше масовно во 2020 година.
Финтек е друга област од интерес за Камат, особено имајќи предвид дека Индија е генерално „млада нација“, т.е. во 2015 година, просечната возраст во земјата беше 26,8 години. Овој Индиец тука гледа шанса, затоа што верува дека младите се повеќе се занимаваат со финансии.
– Претприемачите ќе имаат моменти кога ќе можат да џогираат, и кога ќе мораат да трчаат спринт – вели Камат и додава дека, на пример, во САД, околу 90 проценти од луѓето имаат (ин) директен пристап до финансискиот пазар.
Тој вели дека Индија е на пат да го постигне истото, за неколку години или една деценија.