СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕИБ инвестирала 873 милиони евра во Западен Балкан во 2020 година

Европската инвестициска банка (ЕИБ) денес објави дека има инвестирано 873 милиони евра во Западен Балкан во текот на 2020 година, што е за околу 50 проценти повеќе отколку во претходната година.

Најголем дел од парите, односно 531 милиони евра, се во согласност со приоритетите на Европската унија за зголемување на поврзаноста, ставени во изградбата и модернизацијата на транспортната инфраструктура во регионот.

Грант на ЕУ од 12 милиони евра е обезбеден преку Инвестициската рамка на Западен Балкан (WBIF) за Коридорот 5ц во Босна и Херцеговина, што ја поврзува земјата со Хрватска и Унгарија, се вели во соопштението на ЕИБ по годишната прес-конференција.

ЕУ банка исто така поддржа и други важни иницијативи, како инвестиција од 65 милиони евра во дигитализација на повеќе од 1.500 училишта во Србија. Проектот ќе овозможи воведување на ИТ опрема и брз интернет, додека 50.000 наставници ќе добијат обука за дигитални вештини.

Во согласност со климатските цели на банката, инвестирани се 11 милиони евра во постројка за третман на отпадни води во Косово, со што околу 90.000 луѓе во општина Гњилане добија пристап до вода за пиење.

Групацијата ЕИБ, која се состои од ЕИБ и Европски инвестициски фонд (ЕИФ), ги поддржа малите и средни претпријатија во 2020 година, со заеми во вредност од 320 милиони евра, кои беа одобрени преку локалните банки.

Во обид да помогне во ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирус на Западен Балкан, ЕИБ ангажираше повеќе од милијарда евра. Парите беа дадени на здравствениот и приватниот сектор, пред се на најзагрозените мали бизниси.

„Задоволен сум што Групацијата ЕИБ речиси ги удвои своите инвестиции во Западен Балкан во една од најпредизвикувачките години во модерната историја. Сепак, ние нема да забавиме, но ќе продолжиме да му помагаме на регионот да ја надмине кризата, да продолжи со евроинтеграциите и да ја забрзаме неопходната економска транзиција кон зелен и дигитален пазар. Особено сме горди што го потпишавме првиот поттикнувачки заем за општествено одговорни компании што ќе придонесе за вработување на младите и развој на женското претприемништво и започнавме со инвестиции во дигитализацијата на јавни сектори“, рече потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Како што беше најавено, ЕИБ планира да поддржи климатски проекти, обновување на малите и средни претпријатија, поврзување на регионалниот пазар, дигитална трансформација и проекти кои поттикнуваат вработување на ранливи групи во 2021 година.

Банката очекува добра соработка со сите партнери во спроведувањето на планот вреден до девет милијарди евра за одржлив раст и транспорт, дигитална и зелена трансформација и создавање на заеднички пазар, како и инвестиции до 20 милијарди евра со Инструмент за гаранција на Западен Балкан.

Поврзани вести

Големите компании во Германија мора да вклучат жени во управни одбори

Влатко Зорба

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“

msp-admin

Apple ќе плати половина милијарда долари поради кршење на патентни права

msp-admin