СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Генерал Моторс“ сака да ја победи Норвешка во трката со електрични возила – и го најми Вил Фарел да помогне (ВИДЕО)

Нова смешна реклама на „Генерал Моторс“ во која глуми актерот и комичар Вил Ферел, е нов хит за Суперболот.

Овој пат, тие ги „начнаа“ Норвежаните кои едноставно се луди по електричните возила, што се докажува со фактот дека повеќе од 54% од новите автомобили продадени минатата година беа на струја. Во САД, тој процент е далеку помал и токму тоа го иритира Фарел.

Во рекламата што ќе се емитува на овогодинешниот Супербоул, го гледаме вознемирениот и лут Ферел кој ги кани комичарот и актер Кенан Томпсон и актерката Нора Лум да се борат. Ферел цело време се вози во „Кадилак Лирик“, додека комичарите се обидуваат да го следат во електричен „Хамер“. Ферел им порача да отпатуваат со него во Норвешка и на крајот сите ќе се изгубат малку.

Пораката останува јасна – „Генерал Моторс“ сака да победи во производството на електрични возила. Патем, „Лирик“ е првиот електричен џип „Кадилак“ кој пристигна на пазарот кон крајот на 2022 година, додека електричниот „Хамер“, или како што го нарекуваат, нивниот прв електричен супер камион, доаѓа наесен 2021 година.

„Генерал Моторс“ во моментов има само еден електричен модел на понуда, „Шеви Болт“ и се надеваат дека до 2025 година, покрај „Хамер“ и „Лирик“, ќе лансираат 30 нови и со тоа ќе ги престигнат еколошки свесните Норвежани.

Поврзани вести

Пазарот на вештачка интелигенција во Кина ќе вреди 12 милијарди долари до 2023 година

msp-admin

CELTA центарот на ИБУ стана дел од Кембриџ за сертифицирање наставници по англиски јазик

msp-admin

Маск во Берлин: Сè поретко ќе се случува некој да вози автомобил сам

msp-admin