СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија во страв од економска парализа

Статистичарите соопштија дека германската економија минатата година падна за пет проценти, обележана со короната. Тоа е помалку отколку за време на глобалната финансиска криза (падот беше 5,7 проценти во 2009 година) и далеку помалку отколку што некои пророци предвидоа за земјата пред првото заклучување оваа пролет, коментира Хенрик Боме за „Дојче веле“.

Со други зборови, се урнавме, но добро се справивме.

Ниту бројот на луѓе кои останаа без работа поради кризата не е премногу голем. Додуша, по 14 години, растот на вработеноста престана, но тој остана на високо ниво.

Се разбира, сите се надеваат дека економијата ќе расте годинава. Бидејќи, колку и да повторува министерот за финансии дека погодените компании – особено малите – ќе продолжат да добиваат помош, еден ден неговата каса ќе биде празна.

Иако во моментов е можно евтино задолжување на владата, во Берлин ќе треба да се прашуваме секој ден: кој на крајот ќе го плати цехот? Долговите се секогаш хипотека за следната генерација.

Државата треба да им се заблагодари на даночните обврзници и стопанството што можеа великодушно да помогнат во кризата. Кога работат многу луѓе, тогаш даночните приходи цветаат, и данокот на доход и акцизите.

Оние кои денес повикуваат на затворање на фабриките поради пандемијата и сите да бидат испратени на работа од дома, всушност го загрозуваат неопходното економско закрепнување. И тоа токму сега, кога важните индустрии се освестуваат додека добиваат сè повеќе нарачки, особено од Азија, вели Боме.

Тоа е погрешен начин да се затворат фабриките и да се истераат клиентите. Ова е уште еден знак на растечката беспомошност на политиката што не успева да развие вистинска стратегија против пандемија. Шансата беше испуштена летово кога епидемиолошката состојба беше добра.

Можеби, со сегашните мерки што веројатно ќе бидат засилени, нема да видиме подобрување пред Велигден (4 април) и едвај тогаш ќе се надеваме дека вакцините и потоплите временски услови ќе донесат олеснување.

Но, затворањето на фабриките и присилувањето на луѓето во задолжителна домашна канцеларија секако не се добри мерки. Од здравствена страна, можеме да ја надминеме пандемијата во догледна иднина. Но, ако економијата биде уништена, реалниот крај на кризата ќе се одложи на неодредено време.

Поврзани вести

ССК и Македонско Швајцарски бизнис клуб со донација за Клиниката за детски болести

msp-admin

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

msp-admin

Huawei ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година

msp-admin