СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google ги блокира сите политички реклами поради опасност од насилство во САД

Американскиот технолошки гигант Google денес објави дека од четврток ќе ги суспендира политичките реклами поради ризик од промовирање насилство, како што е смртоносниот напад на Капитол Хил во Вашингтон пред една недела
Политичките реклами ќе бидат блокирани до 21 јануари, ден по инаугурацијата на Џо Бајден за нов претседател на Соединетите Американски држави.

Тие најавија дека ќе престанат да ги објавуваат сите политички реклами, како и реклами поврзани со обвинението за кршење на Уставот, инаугурацијата на новоизбраниот претседател Бајден или протестите во Вашингтон, бидејќи „настаните може да бидат искористени или да се шират погрешни информации“.

Google привремено го затвори каналот на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот и отстрани видео за промовирање на насилство. YouTube на тој начин се приклучи на другите социјални мрежи кои ги затворија сметките на Трамп по нападот врз Конгресот на САД минатата недела.

Така, по нападот од толпа свои приврзаници на Капитол Хил, Трамп остана без пристап до повеќето социјални мрежи, кои ги користеше за време на неговиот мандат за да им се обраќа на своите приврзаници. Интернет-платформите предупредија дека Трамп може да ги користи своите кориснички сметки за да поттикне немири пред и за време на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Поврзани вести

„Рио Тинто“ ја исплаќа највисоката дивиденда во историјата

Влатко Зорба

Црногорската влада купи два авиона за новата авиокомпанија

Влатко Зорба

Sony веќе продаде повеќе од 4,5 милиони конзоли PlayStation 5

Влатко Зорба