СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google заштедил МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ поради работата од дома

Со олабавување на ограничувањата поврзани со коронавирусот, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку Интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Google. Сепак, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања – што е добро и за деловното работење на Google.

Конгломератот Alphabet Inc., кој е во сопственост на Google, заштеди 268 милиони долари во текот на првиот квартал на патувања, промоции, забави, во споредба со истиот период минатата година – што е првенствено резултат на коронавирусот, покажа извештајот на компанијата.

Годишно, тоа би било повеќе од милијарда долари.

Всушност, „Alphabet“ во својот годишен извештај претходно оваа година рече дека трошоците за рекламирање и промоција паднале за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ги намалила трошењата, паузирала или ги презакажала кампањите и променила некои настани само во дигитални формати поради пандемијата.

Трошоците за патувања и забава паднаа за 371 милиони долари.

Заштедите компензираат многу од трошоците направени при вработување илјадници други работници.

Google е познат по придобивки како што се маси за масажа, ресторани, корпоративни годишни одмори – придобивки што влијаеле на поголемиот дел од работната култура на Силиконската долина.

Повеќето работници на Google работат од далечина и се без тие поволности од март 2020 година. Сепак, компанијата планира да се врати во канцеларијата подоцна оваа година.

Извршниот директор Рут Порат им рече на инвеститорите дека Google планира „хибриден“ модел – ќе има повеќе простор по работник отколку порано.

Порат исто така рече дека Google ќе продолжи да инвестира во своите недвижнини низ целиот свет.

Поврзани вести

Колку „Amazon“ им плаќа на работниците за да дадат отказ?

msp-admin

„ЕДЕН МОМЕНТ БЕШЕ ДОВОЛЕН“: Безос за неговата кариера и за тоа како стана успешен

Влатко Зорба

Закерберг вели дека Apple продава премногу скапо

Влатко Зорба