СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Грција пред нова криза: „Локдаунот“ ги чини 3 милијарди евра месечно

Едномесечното заклучување ја чини Грција околу три милијарди евра, изјави портпаролот на грчката влада, Христос Тарандилис, објаснувајќи дека сите одлуки што ќе бидат донесени за повторно отворање на малопродажбата во таа земја ќе бидат засновани на препораките на Комисијата за епидемиолози, пренесуваат локалните медиуми.

Грција е во карантин повеќе од два месеци, освен пред и за време на празниците кога фризерски салони, книжарници, центри за техничка проверка на автомобили и продавници за нарачки беа отворени две недели, додека сè друго е затворено од 7-ми ноември 2020 година

Заклучно со 27 декември минатата година, до вчера, во Грција се вакцинирани 70.698 граѓани.

Поврзани вести

Менаџментот на ТКП ќе примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност КОВИД-19

msp-admin

ММФ ги повика богатите земји да обезбедат повеќе ресурси за сиромашните

Влатко Зорба

Првиот човек на Твитер речиси го напуштил ИТ секторот за да биде масер или моден дизајнер

Влатко Зорба