СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Kаде на Балканот е најскапо да се купи стан?

Српската престолнина од градовите во регионот има највисока цена на еден метар квадратен за стан. Според анализата на Б92, цитирана од Бизнис Инфо, најскапите станови се на локацијата Белград на вода, каде што минатата година е продаден стан за 1,3 милиони евра, по цена од 8.683 евра.

Цена на квадрат во Белград, како што се наведува, е скоро двојно повеќе одошто во Сараево и Скопје. Во нашиот град, најскапи се становите во Карпош и Центар, каде што просечната цена се движи околу 1.000 евра за метар квадратен.

Според податоците на Хрватскиот државен завод за статистика за последната година, цените на недвижнините пораснаа за 10,4%. Сепак, најскап квадрат во Хрватска не е само во Загреб, туку и во Дубровник, Сплит и Задар.

И покрај високите цени, во Белград и понатаму побарувачката е поголема од понудата, посебно ако станува збор за новоградба. Во Хрватска како една од причините за поскапување на цените се државните субвенции што им се нудат на младите семејства.

Една од причините за поскапување на цените се и поволните станбени кредити. Во Србија дури 70% од купувачите на станови плаќаат во готово. Исто така, ниските камати на штедни влогови дополнително ги поттикнале граѓаните да штедат во недвижнини.

Поврзани вести

Закерберг ги потврди пропустите на „Фејсбук“ за време на претседателските избори во САД во 2016-та

msp-admin

Lyft очекува да оствари профит една година порано од очекуваното

msp-admin

Сега секој може да стане сопственик на банкомат

Влатко Зорба