Кинеските власти донесоа нов закон со кој треба да се намали зависноста на тинејџерите од видео игри. Тоа се игри кои се поврзани со растот на миопија и лошата ефикасност во образованието.
Кинеската влада им забрани на потрошувачите на возраст под 18 години да играат од 22:00 до 08:00 часот. Ним им е дозволено да поминуваат не повеќе од 90 минути со своите омилени игри во работните денови. За време на викендите и празниците, децата можат да играат не повеќе од три часа.
Во моментов, индустријата за онлајн игри во Кина е една од најголемите во светот, со годишни приходи од повеќе од 33 милијарди долари и привлекува стотици милиони корисници. Владата ги заострува барањата за гејмерите, обврзувајќи ги да се идентификуваат искрено – во спротивно, тие се сметаат за прекршувачи на законот.
Националната администрација за печат и публикации во Кина соопшти дека малолетните лица треба да користат вистински имиња и лични карти кога влегуваат во игра. Новите правила, исто така, регулираат колку пари можат да потрошат младите луѓе за купувања внатре во игра. Ова се набавки на виртуелно оружје, облека и друга содржина. Месечниот износ е 28 или 57 долари, во зависност од возраста.
Игрите влијаат на физичкото и менталното здравје на малолетните лица, како и на нивното нормално учење и животот, се вели во соопштението на новинската агенција Ксинхуа.
Аналитичарите сметаат дека пристапот на владата е екстремен, бидејќи младите играчи секогаш можат да најдат начини да ги заобиколат правилата, како што се користењето на податоците на нивните родители.