СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кипар ќе ја испитува сопственоста на компаниите за да спречи перење пари

Кипар планира да воспостави регистар на сопственици на илјадници компании во наредните месеци, со што ќе ги расветли нетранспарентните и сложени корпоративни структури што стојат зад компаниите-паравани, што му носта лоша репутација во Европа и светот.

Деталите за илјадниците компании регистрирани на медитеранскиот остров ќе започнат да се собираат од 16 март за да бидат внесени во новиот регистар.

Воспоставувањето на регистарот го бараат регулативите на ЕУ против перење пари и неговите поборници велат дека тоа може да претставува пресвртна точка за Кипар, што според нив ги привлече оние кои сакаат да го сокријат своето богатство зад параван-компаниите, привлечени од ниските даночни стапки.

„Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за да влезат во новиот систем“, рече Антонија Фаита-Ставриди, висок функционер во Министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.

Кипар долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на земја чија влада добива пари од инвеститори без никакви прашања. Доходовната шема за добивање пасош во замена за инвестиции беше ненадејно укината минатата година, по извештаите за можна корупција, потсетува Ројтерс.

Првичниот регистар ќе биде привремена база на податоци до којашто можат да пристапат владините агенции на барање, рече Фаита-Ставриди.

Тој се надева дека конечниот систем, со различни нивоа на пристап, ќе биде достапен „до крајот на оваа година“, без да навлегува во детали.

Некои активисти за борба против корупција велат дека тоа не е доволно.

„Сè уште нема да биде јавен регистар, што е моментално барање на ниво на ЕУ“, предупреди Маира Мартини од „Транспаренси Интернешнл“.

За да биде навистина ефективно, треба да биде поврзано со други бази на податоци, како што е сопственоста на недвижнини, велат активистите.

„Тоа е повеќе од само поставување регистар“, рече Мартини. „Властите треба да можат да го пребаруваат регистарот како и кога им одговара, и да не бидат принудени да аплицираат за пристап до информации. Тие исто така треба да можат да го поврзат со други бази на податоци“, нагласи таа.

Поврзани вести

Димитријоски: Нашата земја целосно ги следи европските стандарди врзани за изградба на 5G мрежата

msp-admin

Проектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021

Влатко Зорба

Бизнисмен од Малезија го купи првиот твит во светот за 2,9 милиони долари

Влатко Зорба