Со 1,4 милијарди денари вкупен промет во 2019 година, Комерцијална банка е лидер на листата 20 компании селектирани по промет од редовно тргување до 31.12.2019 година, покажуваат податоците на Македонска берза (Fact Book 2019).
Според податоците, просечниот дневен промет во 2019-та година на официјалниот пазар со акциите на Комерцијална банка изнесуваше 5.679.628 денари.
Зад Комерцијална банка, на второ место се најде фармацевтската компанија Алкалоид. Според Fact Book, вкупниот промет минатата година достигна вредност од 858 милиони денари. Просечниот дневен промет во 2019-та година со акциите на Алкалоид достигна 3.488.388 денари.
“Бронзениот“ медал за остварен вкупен промет од редовно тргување на Македонска берза оди кај Макпетрол. Вкупниот промет остварен во текот на минатата година на Макпетрол беше 729 милиони денари.
Според Fact Book, меѓу 20-те котирани компании селектирани по промет од редовно тргување до 31.12.2019 година, се најдоа и: НЛБ Банка (вкупен промет: 561 милион денари), Гранит АД Скопје (295 милиони денари), Стопанска банка АД Скопје (166 милиони денари), ТТК Банка (153 милиони денари), Охридска банка АД Скопје (125 милиони денари), Стопанска банка АД Битола (132 милиони денари), Македонијатурист (77 милиони денари), Уни Банка (76 милиони денари), Тетекс Тетово (41 милион денари), Македонски Телеком (37 милиони денари), Макошпед (30 милиони денари), Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци (28 милиони денари), Прилепска пиварница (28 милиони денари), Окта (28 милиони денари), Фершпед (18 милиони денари), Макстил (18 милиони денари) и Реплек (14 милиони денари).