СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Коронавирусот трајно ќе ја промени светската економија

Коронавирусот веројатно ќе остави траен отпечаток врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен.

Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како и безбедносните мерки по нападите од 11.09. Важно е, како што се наведува, да се инвестира во инфраструктурата неопходна за откривање на идни епидемии. Таа инвестиција ќе ги заштити економиите во случај заштитата од Ковид 19 да биде привремена.

Многу економии усвоија верзии за работа со скратено работно време за време на пандемијата. Благодарение на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владите го компензираат недостатокот на плати.

Работата на далечина ќе стае почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија.

Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференција, учење преку Интернет, се наведува во текстот.

Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир на снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивното производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места, затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано.

Владите ќе бидат поголеми бидејќи тие играат улога на осигурителни компании и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, наводно, ќе се „надува“ создавајќи финансиски проблеми ширум светот.

Најважната лекција што може да се научи од пандемијата е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се вели во текстот и заклучува дека светот е многу посилен обединет отколку поделен.

Поврзани вести

IQOSот излезе на пазарот во САД со дозвола од Управата за храна и лекови

msp-admin

Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

msp-admin

Огромен пад на приходите на хотелите на Трамп

Влатко Зорба