СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Креаторот на Telegram: Apple се најопасни од сите

Основачот на апликацијата Telegram, Павел Дипов смета дека Арple е во состојба сериозно да ја ограничи слободата на потрошувачите.

„Apple и Google имаат многу поголем проблем со слободата во споредба со Twitter. Apple е најопасен од сите, бидејќи може целосно да го блокира вашиот пристап до апликациите“, смета Дуров

Тој рече дека, додека кај Android можно е да се инсталираат најразлични апликации со помош на apk датотеки, кај iOS тоа не е возможно. Тој ги поттикнува корисниците да користат Android наместо iOS, за да можат на овој начин „да го задржат пристапот до слободниот проток“ на информации.

На овој начин креаторот на месинџерот Telegram реагира на исфрлањето на мрежата Parler, која се користи од приврзаниците на Доналд Трамп, од страна на Арр Ѕtоrе и Gооglе Рlау.

Аррlе и Gооglе го обвинија Раrlеr за недостаток на модерација и дека на тој начин се занимава со незаконско потикнување на насилство во САД. Извршниот директор на Parler, Џон Мациги предупреди корисниците на социјалната мрежа дека можат да бидат исклучени, но достапот до неа може да се врати најдоцна за една недела.

Дуров пред одреден период го обвини Apple за монопол, поради собирањето на 30 отсто такса во својот магазин за апликации, На тој начин се оштетени и сопствениците на iPhone, кои ги добиваат неопходните ажурирања со значително задоцнување.

Поврзани вести

Бесими за вработувањата по етнички клуч: Ако може во Гугл извршен директор да биде Индиец…

msp-admin

ММФ со предупредување: Кризата со коронавирусот не е завршена

msp-admin

Полски „ПКН Орлен“ можен купувач на 120 бензински пумпи на „ОМВ“ во Словенија

Влатко Зорба