СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск: Ризикувајте повеќе, работете помалку

Елон Маск е работохолик, некој што има одлични идеи, амбиции и огромно богатство, но започна многу скромно. Неодамна, тој беше кратко време најбогатиот човек на светот, по што само твитна: „Чудно“ и „Па, назад на работа“.

– Кога јас и брат ми ја основавме првата компанија, не изнајмивме стан. Изнајмивме мала канцеларија и спиевме на каучот. Ние се туширавме во просторот на христијанската заедница. Имавме само еден компјутер, работев седум дена во неделата, пишував кодови навечер – изјави Маск во една прилика.

Извршниот директор на Тесла е сè уште познат работохолик. На пример, во 2018 година, за време на производството на Модел 3, тој често работел 120 часа неделно и спиеше во фабриката.

„Имаше моменти кога не ја напуштав фабриката по три или четири дена“.

Сепак, тој призна дека тоа секако влијаело на неговиот однос со децата. Сега ги советува помладите генерации да „ризикуваат повеќе отколку да работат напорно“.

„Луѓето имаат тенденција да го преценуваат ризикот“, рече Маск, чија компанија за е-возила започна со работа во 2004 година.

– Едно е ако имате хипотека за куќа и деца. Но, ако сте млади и штотуку го напуштате колеџот, што ризикувате? – вели американскиот милијардер.

Поврзани вести

АПЕКС со донација од 20.000 евра на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

msp-admin

Повисоки цените на индустриските производи на годишно ниво

msp-admin

Фејсбук и понатаму заработува од антиваксерите

Влатко Зорба