Популарноста на iPhone никогаш не е доведена во прашање, но секако претставува големо достигнување информацијата што неодамна ги објави извршниот директор на Apple, Тим Кук. Активната корисничка база на телефонската линија на iPhone во моментов изнесува над една милијарда, поточно 1,65 милијарди, ширум светот.
Кук, исто така, откри дека ова претставува пораст во однос на претходната година, кога беа активни 1,5 милијарди уреди.
Се посочува дека овие статистички податоци не претставуваат број на продадени iPhone-и од објавувањето на првиот модел, туку бројот на уреди кои во моментов се присутни на пазарот и се користат активно. Кога станува збор за вкупниот број продадени iPhone-и, извештајот од 2020 година сугерира дека Apple дотогаш продал околу 2,2 милијарди iPhone телефони.
Според Кук, и покрај тензиите меѓу САД и Кина и иако изгледа дека корисниците во Кина го одбиваат iPhone во корист на Huawei, овој пазар е сепак многу голем и значаен за Apple.