СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нафтата падна на најниско ниво во последнава година, како ќе реагира ОПЕК+?

Цените на нафтата од најголемите глобални марки паднаа на најниско ниво во последнава година. Во вторникот, сепак котите пораснаа во очекување на активности на земјите од ОПЕК + како одговор на пониската побарувачка предизвикана од
новиот коронавирус во Кина.

Техничкиот комитет на ОПЕК повика на итен состанок во вторник и среда (4-ти февруари), изјавија извори запознаени со ситуацијата, пренесе Ројтерс. Врз основа на исходот од оваа средба, ќе се одлучи дали да се свика вонреден состанок на министрите на сите земји-членки на ОПЕК + или само на министрите на Комитетот за набљудување (ЏММЦ), со кој претседаваат лидерите на Унијата – Русија и Саудиска Арабија.

Вредноста на априлските фјучерси за сортата „Брент“ на Лондонската берза ICE Futures утрово е 54,68 американски долари за барел, што е за 0,23 долари повеќе од затворањето на претходната сесија. За време на времето за тргување во понеделникот, 3 февруари овие договори паднаа за 2,17 долари (3,83%) до 54,45 долари за барел.

Фјучерсите на американските WTI стандарди за март во електронската трговија на Њујоршката берза NYMEX досега се зголеми за 0,34 долари – до 50,45 долари за барел. До крајот на претходната сесија, нивната цена се намали за 1,45 долари (2,81%) на 50,11 долари за барел. Падот на котите на WTI надмина 20% од највисокото ниво, регистрирано на 6 јануари, што покажува изразен „мечешки тренд“.

Меѓу сценаријата што ќе се дискутираат на состанокот на Техничкиот комитет ОПЕК +, има натамошно намалување на производството на нафта за 500.000 барели на ден до крајот на кризата со коронавирус. Друга опција, според „Блумберг“, е привремено да се намали производството на нафта на Саудиска Арабија за 1 милион барели на ден.

На 3 февруари, извори на агенцијата соопштија дека побарувачката за нафта во Кина е намалена за околу 3 милиони барели дневно, што е околу 20% од потрошувачката во услови на растечката епидемија.

Бројот на пациенти со пневмонија предизвикана од новиот вид коронавирус во вторникот наутро во земјата е 20.438 лица, смртните случаи се 25, соопшти Државниот комитет на Кина за здравство.

Поврзани вести

Платите на жените и нискоквалификуваните најмногу погодени од пандемијата

msp-admin

Преживеаните од холокаустот бараат од Закерберг построги мерки на Фејсбук

msp-admin

Apple и Google ја отстранија Fortnite од онлајн продавниците

msp-admin